Селекторот на САД ќе биде следниот тренер на Реал Мадрид?

Аргентинскиот стручњак Маурисио Покетино е најреалната опција за нов тренер на Реал Мадрид, тврди добро упатениот новинар Мигел Анхел Дијас.

Покетино од 2024 година е селектор на САД и после Светското првенство летово би можел да се пресели во Мадрид, што му е голема желба одамна. Големи плусови за него се што претседателот Флорентино Перес го сака и што во минатото веќе работел со Килијан Мбапе кој со својата себичност и незалагање во одбрана е посочен како една од причините што Реал не освои трофеј сезонава иако даде многу голови.

Како играч, Покетино е легенда на Еспањол, а и како тренер работеше во тој клуб. Во минатото има изјавувано дека никогаш не би бил тренер на Барселона, клуб кој е најлут ривал на Еспањол и на Реал Мадрид.

„Имам впечаток дека Маурисио Покетино ќе биде тренер на Реал Мадрид следната сезона. Штом ќе заврши лигата, мислам дека клубот нема да чека многу да го објави името на својот нов тренер“, рече Дијас кој често објавува ексклузивни информации. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести