Ја прекина кариерата на 22 години затоа што верата не му дозволува да игра фудбал во сабота

Швајцарската фудбалска јавност е шокирана од веста дека поранешниот младински репрезентативец Силван Валнер, на само 22 години, одлучил да ја прекине својата фудбалска кариера поради религиозни причини.

Валнер е член на Слободната црква на адвентистите од седмиот ден, која забранува работа во сабота, што му оневозможува да игра натпревари или да тренира на овој ден.

Младиот дефанзивец, кој неодамна потпиша за австрискиот прволигаш Блау-Вајс Линц, имаше три настапи за швајцарската У-21 репрезентација. Тој се приклучи на клубот пред само два месеца, откако претходно играше за Цирих. Во Австрија брзо се наметна како стандарден играч и оваа сезона беше редовен во почетниот состав.

Швајцарските медиуми пренесуваат дека, слично на јудаизмот, саботата кај луѓето со вакви верски убедувања се смета за ден за одмор и време за духовна посветеност, а сите активности, вклучително и играње фудбал, се забранети.

- Оглас -

Најнови вести