Ја утнаа албанската химна, па сега ќе платат 20.000 евра

Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни Францускиот фудбалски сојуз со 20.000 евра поради пропустот пред мечот против Албанија во Париз, во квалификациите за Европското првенство 2020. Пред почетокот на дуелот, место албанската химна, беше пуштена химната на Андора.

Албанските фудбалери се чудеа која е таа химна, а потоа одбија да играат сè додека не ја слушнат нивната државна химна. По 10-тина минути, организаторите ја пуштија вистинската химна и мечот се одигра, а албанската репрезентација доби извинувања од највисоко ниво од Франција.

- Оглас -

Најнови вести