Франческо Капуто се истакна како двоен стрелец за Сасуоло во победата против Бреша од 3-0, а при прославата на еден од головите, ја искористи приликата да им испрати порака на фановите, односно на сите гледачи пред малите екрани кои не се во можност да присуствуваат на трибините бидејќи стадионите во Италија се затворени поради Коронавирусот.
Капуто држеше лист пред камерата на кој пишува: „Сè ќе биде во ред, останете дома“, со помисла да ја смири паниката која се шири побрзо и од самиот смртоносен вирус низ земјата. Во меѓувреме се потврди дека во Италија ќе нема спорт до 3 април како мерка за претпазливост против ширењето на Коронавирусот.
Покрај двата гола на Капуто во 45-тата и 61-та минута, на листата на стрелците се запиша и Бога потврдувајќи го триумфот на Сасуоло против последнопласираната екипа во Серија А.