Јаховиќ го менува клубот, но останува во Турција

Само по седум месеци поминати во дресот на Малатијаспор, Едис Јаховиќ повторно прави трансфер. Според најавите од Турција, некогашниот македонски репрезентативец постигнал договор со тимот на Аланијаспор и во пролениот дел од турското првенство ќе го носи дресот на тимот кој се бори за излез во Европа.

Јаховиќ имаше одличен прв дел од сезоната и во 18 меча даде 11 погодоци. За голгетерот ова ќе биде четврти клуб во Турција. Претходно има настапувано за Гезтепе и Коњаспор, а во кариерата има играно и за: Вил, Цирих, Ворскла, Риека, Самара, Вележ, Сараево и Железничар.

 

- Оглас -

Најнови вести