Јаховиќ не дава само голови – Ова е финта на напаѓач од светска класа (Видео)

Адис Јаховиќ беше иницијатор на акцијата за водечкиот гол на Анталијаспор против својот поранешен клуб Јени Малатија, а финтата со која ја покрена акцијата за погодокот на Фреди во осмата минута е врвно ремек-дело.

Со петица Јаховиќ го проигра Гумуш, а во трилингот додавања прецизен беше Фреди и гостите поведоа со 1:0. Мечот заврши со победа на Анталијаспор со голот на Лукас Подолски во 89. минута, а гостите ги освоија бодовите, иако играа со фудбалер помалку од 31. минута кога беше исклучен Гумуш.

https://www.youtube.com/watch?v=qi9EYe73u3Y

Адис е третиот најдобар стрелец во турското првенство со 13 гола, само зад лидерот Сорлот од Трабзонспор кој има 19 и зад Папис Сисе од Аланијаспор со 16.

Најдобриот наш играч во турското првенство игра со маска на лицето, по повредата на јаболкницата на дуелот со Денизлиспор на 26. јануари, на кој дебитираше со погодок за новиот клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести