Јамал веројатно ќе го пропушти Ел Класико, а најцрната варијанта е дека ќе остане и без СП!

Најдобриот шпански фудбалер, Ламин Јамал, синоќа при изведувањето на пеналот на натпреварот Барселона – Селта, се повреди и го напушти теренот.

Ова предизвика аларм во Шпанија бидејќи остануваат само уште 49 дена до почетокот на Светското првенство. Денеска на Јамал ќе му бидат направени тестови, по кои ќе се знае колку време ќе треба да паузира. Шпанија е главен фаворит за светската титула, но без Јамал, шансите ќе им се намалат и затоа е загриженоста во пресрет на тестовите чии резултати ќе се чекаат со нетрпение.

Најдобрата варијанта е истегнување на мускул и пауза од една до три недели, што би значело дека тој можеби би играл и на Ел Класико против Реал Мадрид на 10 мај, кога Барса можеби и ќе ја прослави својата титула во шпанската лига.

Ако е делумно пукање на мускулот, тогаш следува пауза од еден до два месеца и тоа значи крај на сезоната за него, но би играл на СП, со тоа што неизвесно е дали ќе игра во групната фаза. Првичните прогнози се дека повредата е од ваков степен и тој веќе нема да игра сезонава во Ла Лига, но ќе биде спремен за Мундијалот.

Доколку станува збор за целосно кинење на мускулот, тогаш Јамал ќе остане без настап на СП бидејќи рехабилитацијата од таква повреда трае минимум три месеца.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести