Јане го фали Дејан: Кулушевски ќе биде новиот Робен

Шведскиот селектор Јане Андерсон вели дека е среќен што Шведска ја доби битката за да го има во националниот тим Дејан Кулушевски, а од него очекува да биде новиот Арјен Робен.

Кулушевски има македонски корени и настапуваше за нашата национална селекција во помладите категории, но сепак одлучи да игра за земјата во која е роден и Шведска ја доби битката со Македонија.

„Дејан е исклучително талентиран фудбалер што сака да работи напорно и да напредува. Ако продолжи во ова темпо, Шведска ќе добие столб во репрезентацијата за многу години во иднина“, вели Андерсон.

Човекот што е на кормилото на Швеѓаните од 2016 година изјави дека Кулушевски многу го потсетува на Арјен Робен.

„Кога го гледам неговиот начин на игра, неговите асистенции, продори и завршница многу ме потсетува на Робен. Очекувам да продолжи да напредува и како фудбалер на Јувентус, а очигледно е, според игрите во Парма, дека совршено му одговара стикот на игра во Серија А. Знам дека ќе даде сè од себе да се избори за место во првата постава на италијанскиот шампион, а има страшен потенцијал да стане и еден од најдобрите офанзивци во Европа“, додава Андерсон.

Кулушевски има само 19 години, а до прекинот на сезоната поради корона-вирусот блескаше во Парма, клуб во кој е втор стрелец со пет голови и најдобар асистент со 7 прецизни додавања до соиграчите.

Со фантастичните претстави сезонава Дејан го привлече вниманието на шампионот Јувентус, кој експресно реагираше и го купи шведскиот репрезентативец во змискиот преоден рок за сума од 35 милиони евра, плус бонуси.

- Оглас -

Најнови вести