Јанг распали по Денвер, Ембид донесе триумф за Сиксерс (видео)

Атланта хокс стави крај на победничката серија на Денвер нагетс од четири меча со победата од 125:121 во Колорадо. Јастребите благодарение на нивната прва ѕвезда Треј Јанг остварија изненадување на гостувањето, а бекот на Атланта беше незадржлив со 42 поени.

Јанг воедно запиша двоен учинок откако сервираше и 11 точни додавања, а до ефикасните 42 поени стигна со осумте реализирани тројки од вкупно 13 обиди. Во редовите на Денвер најефикасен беше Бартон со 21 поен, Јокиќ заврши со еден помалку.

https://www.youtube.com/watch?v=N2ZByqLkcb4

Со клучното забивање на 13 секунди до крајот на мечот, Џоел Ембид ја донесе седмата победа за Филаделфија севентисиксерс против Кливленд кавалирс со минимални 98:97. Камерунскиот центар во тесната пресметка ги постигна важните поени во моменти кога се кршеше резултатот.

Ембид средбата ја заврши со двоен учинок од 27 поени и 16 скока, што беше доволно да се совлада шампионот од 2016 година. Во редовите на Кливленд дури четворица играчи завршија најмалку со по 17 поени, Кларксон и Лав беа најефикасни со по 20 поени.

ЛА лејкерс се врати во победнички ритам по гостувањето во Аризона, каде што го надигра тимот на Феникс санс со 123:115. Ентони Дејвис ги предводеше Езерџиите со дабл-дабл од 24 поени и 12 скока во осмиот овосезонски триумф, а клучна фигура беше и Кузма, кој заврши со еден поен помалку од својот соиграч.

И Џејмс беше двоцифрен во две статистики, постина 19 поени и додаде 11 топки, додека Букер со 21 поен се истакна како најрасположен играч од таборот на Феникс.

Останати резултати НБА:

Индијана пејсерс – Оклахома сити тандер 111:85, Мајами хит – Детроит пистонс 117:108, Чикаго булс – Њујорк никс 120:102, Јута џез – Бруклин нетс 119:114, Сакраменто кингс – Портланд трејлблејзерс 107:99.

- Оглас -

Најнови вести