Јаник Синер ќе отслужи тримесечна суспензија поради допинг

Првиот светски тенисер, Италијанецот Јаник Синер, прифати, во договор со Светската антидопинг агенција (ВАДА), тримесечна забрана поради допинг која му е доделена откако минатата година беше позитивен на забранета супстанца, потврди денеска ВАДА.

„Јаник Синер ќе ја отслужи својата забрана од 9 февруари 2025 до 4 мај 2025 до 23:59 часот”, се вели во соопштението на ВАДА.


ВАДА првично, по позитивниот тест, бараше суспензија од една до две години. Италијанецот ќе ги пропушти турнирите во Индијан Велс и во Мајами во март, како и во Монте Карло и во Мадрид во април, но не и Ролан Гарос кој започнува на 25 мај.

Јаник Синер претходно беше ослободен од сите обвинувања за користење допинг. Светската антидопинг агенција одлучи да не поднесе жалба до Спортскиот арбитражен суд (ЦАС) во Лозана на одлуката на Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ИТИА).

Во неговата крв била пронајдена ниска, но сепак забранета количина на клостебол, стероид кој често се користи за изградба на мускулна маса. Кога му бил земен втор примерок по осум дена, Синер бил повторно позитивен. Автоматски беше суспендиран, но успешно се жалеше и продолжи со играњето тенис.

- Оглас -

Најнови вести