Јапонија постави рекорд по бројот на освоени златни медали

Домаќинот на Олимписките игри 2020, Јапонија, стигна до рекордни 17 златни медали, а Игрите се на половина. Низ историјата, Јапонија најголемиот успех го имаа на ЛОИ во Токио во 1964 и ЛОИ во Атина 2004 година, кога освојуваа по 16 златни медали.

Јапонците одлично се подготвија за овие Игри и освоија дури девет златни медали во џудо, два во скејтборд и пливање, а по едно златно одличје имаат во мечување, спортска гимнастика, пинг-понг и софтбол.

Освен 17-те злата, Јапонија досега освои и четири сребра и седум бронзени медали, па се на второто место во генералниот поредок. Кина со 18 злата, девет сребра и 11 бронзи се најуспешна нација досега, а Американците имаа 14 злата, 16 сребра и 11 бронзени одличја.

- Оглас -

Најнови вести