Јапонскиот Меси нерешлива енигма за Ристовски и Спортинг (Видео)

Јапонскиот Меси, Шоја Накаџима беше незадржлив за одбраната на Спортинг Лисабон и со два гола и две асистенции речиси сам го победи фаворитот и му донесе три бода на Портимоненсе.

Домаќините славеа со 4-2, а Накаџима извонредмо го почна мечот со асистенција до Манафа, па потоа продолжи да доминира на теренот. Десетката на Портимоненсе е висока само 164 сантиметри и оттаму прекарот јапонскиот Меси, а вчера навистина играше во стилот на многу попознатиот Аргентинец.

Во финишот на првото полувреме тој и Манафа ги заменија улогите, па Накаџима по асистенцијата на соиграчот, зголеми на 2-0. Во 82-рата минута со нов гол Шоја зголеми на 3-1, откако претходно Монтеро постигна гол за Спортинг.

Во последниот напад на мечот Накаџима повторно беше асистент за стрелецот Жоа Карлос, со што беше запечатена победата на Портимоненсе.

Стефан Ристовски го одигра целиот меч за Спортинг, но и тој и неговите соиграчи безуспешно се обидуваа да го сопрат расположениот Јапонец, кој го заслужи епитетот играч на мечот.

- Оглас -

Најнови вести