Јапонските навивачи објаснија зошто ги чистат трибините по секој меч (Видео)

Јапонија во осминафиналето го заврши мундијалскиот пат откако на пенали загуби од Хрватска. Јапонците со играта на теренот, но и со однесувањето на навивачите на трибините ги освоија симпатиите кај неутралните навивачи.

Некогашните светски и европски прваци, Германија и Шпанија, загубија од Јапонија, а Хрватска се спаси дури по подобро изведување на пенали. По поразот од Хрватска, јапонскиот селектор застана на теренот и се поклони кон навивачите на сите четири трибини на стадионот велејќи дека тоа е покажување почит за нивната поддршка што ја давале во текот на сите натпревари.

Јапонските навивачи по завршувањето на сите четири меча кои ги одиграа, воодушевија со нивата традиција да го исчистат стадионот од нередот кои тие го направиле. Дел од фановите кои чистеа објаснија зошто тоа го прават.

„Чистам затоа што тоа е почитување на културата во Јапонија, но и на културата тука во Катар. Мора да го исчистиме нередот кој ние го направивме“, рече една од навивачките која во рацете држеше кеса со отпадоци.

- Оглас -

Најнови вести