Цел свет остана воодушевен од потегот на селекторот на Јапонија

Јапонија ќе се памти како една од репрезентациите кои беа најпријатно изненадување на Светското првенство во Катар. Самураите во групната фаза ги победија некогашните светски и европски прваци Германија и Шпанија, а во осминафиналето дури по иведување на пенали беа елиминирани од Хрватска.

По завршување на драмата со Хрватска која траеше повеќе од два часа, селекторот на Јапонија, Хајиме Моријасу, дојде до навивачите кои беа на трибината и се поклони пред нив. На тој начин селекторот сакаше да покаже почит кон сите оние фанови кои ѝ дадоа поддршка на Јапонија на овој Мундијал.

„По мечот им изразив благодарност на трудот што го дадоа. Ние едноставно не можевме подалеку од осминафиналето. Ги победивме Германија и Шпанија, но не можевме понатаму. Нашите фудбалери покажаа дека е започната нова ера во јапонскиот фудбал. Тоа треба да го искористиме, мора да продолжиме да се развиваме“, рече селекторот на Јапонија, Моријасу.

 

- Оглас -

Најнови вести