Јапонските одбојкари го обелија образот на домаќинот на ОИ

Машката одбојкарска репрезентација на Јапонија со пресврт против Канада триумфираше со 3-1 во сетови (23-25, 25-23, 25-23, 25-20) за втора победа на турнирот во Токио. Добојкарите го обелија образот на домаќинот на Олимписките игри, бидејќи националните тимови во кошарка и ракомет во меѓувреме претрпија порази.

Кошаркарите загубија од светскиот првак Шпанија со 77:88, меч во кој доминираше Рики Рубио со 20 поени и 9 асистенции.

Ракометарите до последно се бореа против Шведска за евентуална прва победа, меѓутоа Швеѓаните славеа со 28-26.

 

- Оглас -

Најнови вести