Јапонците бараат чаре да го урнат челичниот бедем на Катар

Интересна ситуација има на континенталното првенство во Азија и по долг период може да се случи една репрезентација, Јапонија или Катар, со сите победи да го освои пехарот. Само ако биде нерешено, тоа нема да се случи, а во тој случај продолженијата или пеналите би го одлучувале победникот. Фаворит е Јапонија, но Катар нема примено гол на шест меча на турнирот, што е уште еден податок што вреди да се истакне. Ако Азискиот куп завршува денеска, во Европа почнува фудбалскиот викенд со доста атрактивни мечеви и денеска.

Јапонија – Катар (15 часот)

Ќе се случи ли по долго време една репрезентација да го освои Азискиот куп со сите победи? Услови има во финалето што ќе се игра денеска меѓу Јапонија и Катар.

И двете селекции забележаа максимални шест победи на патот до трофејот, а подвигот на Катар е фантастичен. Тие сè уште немаат примено гол на турнирот и имаат гол-разлика 16:0.

Младиот шпански стратег Феликс Санчес одлично ги води Катарците, а блеска првиот стрелец на турнирот Али Алмоез. Досега постигна 7 гола, а му фалат два за да го надмине легендарниот Али Даеи, кој е прв стрелец на турнирите со девет погодоци.

Јапонците имаат подолга фудбалска традиција и позначајни резултати, патем тие се рекордери со четири континентални титули, но ќе имаат проблеми со цврстиот противник денеска. И двете селекции постигнаа блескави победи во полуфиналето, каде што Јапонија со 3-0 го елиминира Иран, а Катар со убедливи 4-0 ја исфрли од турнирот домашната селекција, Обединетите Арапски Емирати.

Предлог тип: 2>1 (2.10)

 

Фенербахче – Ѓозтепе (18.30 часот)

Ѓозтепе само еднаш го има победено Фенербахче во Истанбул, и тоаточно пред 19 години. Во моментов гостите се пред гигантот на табелата во Турција, но и тие не играат добро, како и Фенер. Имаат два порази по ред и само една победа на последните пет меча.

Фенербахче некако се извлече од опасната зона со победата од 3-2 против Јени Малатија, но мора да продолжи да освојува бодови за да го запечати опстанокот.

За нив сега предизвик е да не бидат под десеттото место, што им е најлош пласман во историјата. Имаат состав за победа, а Ѓозтепе има неколку отсутни играчи поради повреди и парни жолти картони, па Фенер има голема шанса да победи.

Предлог тип: 1&ГГ (3.15)

 

Хановер – Лајпциг (20.30 часот)

Со осум меча по ред без победа, Хановер дојде во позиција да стравува за опстанокот во Бундеслигата. Капак на сето тоа се и повредите, па Хановер е на делба на последната позиција со 11 бодови со Нирнберг.

И вечерва домаќините ќе играат без пет горе-долу стандардни фудбалери, а уште шест дополнително се неизвесни за настап против Лајпциг.

Гостите играат одлично сезонава, се наоѓаат на четвртата позиција, која гарантира настап во Лигата на шампионите и имаат цел да се задржат при врвот во Бундеслигата. Хајдара и Упамекано нема да играат против Хановер, но најголем хендикеп би било отсуството на Тимо Вернер, ако не игра, а е под знак прашалник поради болест.

Фаворит е Лајпциг, но се чини подобра варијанта е да се одигра на голови.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.90) Квота на денот

 

Лил – Ница (20.45 часот)

Страшно лоша серија има Лил против Ница и е без победа на последните 14 натпревари во меѓусебните дуели. Тоа е една од најдолгите црни серии во францускиот фудбал, а последен пат Лил славеше како гостин на втори мај 2012 година.

Постот трае предолго, цели шест години, па се чини дека е време за триумф на Лил. Сезонава играат одлично, се наоѓаат на втората позиција зад неприкосновениот Пари Сен Жермен и вечерва се фаворити против Ница.

Гостите имаат и проблеми со повреди на фудбалерите, ќе играат без пет значајни алки во тимот и време им е да загубат од Лил.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.65) Квота на денот

 

Уеска – Валјадолид (21 часот)

Двете екипи имаат 13 меѓусебни дуели досега и само еден од нив е во Ла Лига. Во првиот дел од сезоната со голот на Алкараз, Валјадолид си ја искористи предноста на домашен терен и на „Зорилја“ победи со 1-0.

Уеска е тимот со најмалку победи во Ла Лига, само две, и најмногу порази, дури 13 на 21 меч, па ако сака да се надева на подвиг и опстанок, мора да победи вечерва на „Ел Алкораз“.

Мисијата за спас на Уеска од испаѓање изгледа речиси и невозможна, но вечерва за нив е „да се биде или не“. Секој поинаков исход од победа ќе ги закова на дното на табелата без изгледи за спас.

Валјадолид има солидна залиха од 25 бода, но опстанокот сè уште не е обезбеден бидејќи разликата со Селта е само 4 бода. На Уеска ќе ѝ гостуваат без Мичел и Луисми, а неизвесни се и Чоп, Лопез и уште неколку играчи.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.25) 

 

 

- Оглас -

Најнови вести