Јапонците се опасни, нема да и биде лесно на Македонија на премиерата во Минхен

Репрезентацијата на Јапонија одигра одличен меч против реномираната селекција на Полска, на турнирот „Четири нации“, ремизираше 25:25, а потоа загуби на пенали, но покажа дека ќе ни биде незгоден ривал на 11. јануари во Минхен во премиерниот меч на Светското првенство.

Со Јапонците ќе ја почнеме новата ракометна авантура на Мундијалите, со нив ќе играме на 11. јануари, а тие вечерва покажаа дека нема да се предадат лесно.

На пријателскиот меч со Полска речиси цело време имаа предност, на полувреме заминаа со позитива од два гола, 13:11, но на крајот загубија на пенали.

Со нас и со Јапонците во Б групата што ќе се игра во Минхен се и Хрватска, Шпанија, Исланд и Бахреин. Трите најдобри селекции од групата ќе се пласираат во следната фаза.

- Оглас -

Најнови вести