Јасно е зошто коефициентот 80 на Аталанта – СПАЛ беше како подарок

Пред 15-тина години во италијанскиот фудбал се случи скандалот Калчополи со местење резултати. Во тој скандал беа вклучени некои од најсилните клубови во Италија, а најмногу настрада Јувентус, кој беше префрлен во Серија Б. Од тој скандал, потоа се случуваа уште неколку скандали со наместени мечеви, но во последно време како да имаше некое затишје сè до синоќа.

Аталанта на свој терен го пречека СПАЛ, а домаќините беа апсолутни фаворити за победа. По првите 45 минути делуваше дека домаќините ќе ги освојат трите бода, но во вториот дел се случи пресврт. СПАЛ, кој беше последен на табелата, даде два гола и стигна до победа кај тимот кој е во Топ 16 во Лигата на шампионите.

Чудно. Како може фенерџијата во Серија А да го победи тимот од нокаут-фазата во Лигата на шампионите, посебно кога коефициентот за такво нешто е дури 80. Сепак, тие кои внимателно ги следат дуелите на Аталанта и СПАЛ не беа многу изненадени. Ова беше трет меч за помалку од една година на овие клубови кои завршуваат со такви пресврти, односно „кец во два“ или „два во кец“.

На почетокот на оваа сезона, во август СПАЛ ѝ беше домаќин на Аталанта и на полувреме водеше со 2:1. Сепак, гостите од Бергамо во вториот дел дадоа два погодоци и на крајот стигнаа до триумф од 3:2 за да излезе и „кец во два“. Нешто слично се случи и во февруари минатата година. Аталанта беше домаќин, а СПАЛ на полувремето водеше со 1:0. Во вториот дел домаќините постигнаа два гола и не дозволија изненадување, но се случи мечот да заврши „два во кец“.

Ваквите пресврти во фудбалот носат најголеми коефициенти, па синоќа за „кец во два“ коефициентот во Sport Life беше 80. Еден редовен обложувач во Sport Life се пофали дека успеал да го предвиди пресвртот на СПАЛ и си заработи добра сума пари, а еден руски фудбалски експерт веднаш напиша дека е потребно да има истрага за регуларноста на синоќешниот дуел.

 

- Оглас -

Најнови вести