Во Серија А излезе резултат кој имаше коефициент 80, веднаш e побарана истрага за местење

Аталанта е тим кој сезонава игра одлично не само во Серија А туку и во Европа. Екипата од Бергамо се пласираше во осминафиналето од Лигата на шампионите, што значи дека е дел од најдобрите 16 на Стариот Континент. Аталанта вечерва на свој терен играше против СПАЛ, клубот кој беше фенерџија во Серија А.

Домаќините од Бергамо беа апсолутни фаворити за победа. Така и тргна мечот, Аталанта на полувремето водеше со 1:0. Сепак, во вториот дел се случи неверојатен пресврт. СПАЛ, кој на гости сезонава имаше осум порази и само една победа, успеа да даде два гола против Аталанта и да направи пресврт.

На крајот гостите победија со 2:1 и со 15 бодови избегаа од последното место на табелата. Аталанта остана на петото место со 35 бодови. Ваквиот шокантен пораз на Аталанта веднаш предизвика сомнеж, па рускиот фудбалски експерт Артур Петросјан на својот твитер-профил побара да има истрага околу регуларноста на мечот.

Колку за потсетување, ако некој решил да игра полувреме-крај, со опција домаќинот да води на полувреме, а на крајот гостите да се радуваат во Бергамо, во билтенот на Sport Life коефициентот за такво нешто е 80. Тоа значи дека само за 100 вложени денари, добивката би била 8.000 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести