Се најде јунак: Го фатил коефициентот 80 во најнеочекуваниот пресврт во Серија А

Аталанта синоќа неочекувано загуби на свој терен од СПАЛ со 2:1, во меч кој предизвика многу внимание. Тимот од Бергамо беше голем фаворит против ривалот кој дојде на гостувањето како последен на табелата во Серија А.

Првите 45 минути не најавуваа дека може да се случи изненадување затоа што Аталанта имаше предност од 1:0. Сепак, во вториот дел СПАЛ, кој е еден од кандидатите за испаѓање во Италија, успеа да даде два гола и со пресврт да слави со 2:1 на теренот на екипата која сезонава игра во Лигата на шампионите и обезбеди место во најдобрите 16 во Европа.

Ваквиот резултат, односно пресвртот со обложувачки речник наречен „ја сврте кец во два“ предизвика многу внимание и реакции. Рускиот фудбалски експерт Артур Петросјан на својот твитер-профил побара да има истрага околу регуларноста на мечот бидејќи во обложувалниците коефициентот за ваков пресврт беше 80. Сезонава ова е најголем коефициент кој излегол на дуел во Серија А:

Сепак, колку и да е неверојатен и неочекуван резултатот, еден обложувач во Sport Life ни се пофали со добитен тикет. Играч од Штип ни испрати тикет на кој е уплатено дека токму на Аталанта – СПАЛ ќе има „кец во два“ за погоден коефициент 80. На испратениот тикет се покриени уплатата и исплатата, па не знаеме колку е добивката, но колку и да е, добитникот со здравје да си ги троши парите и нека му е алал што успеа да го погоди најголемиот коефициент сезонава во Серија А.

Бидејќи успеа да го погоди најголемиот коефициент на еден меч во Серија А, Sport Life реши дополнително да го награди овој обложувач и му додели вредносен вачер од 200 денари за неверојатното претчувство и погодениот коефициент 80 само на еден натпревар.

„Човек да знае дека ќе биде така мечот, и куќа ќе стави, а ова беше мало претчувство и голема среќа. Одлично е кога ќе се погоди коефициент 80“, ни порача редовниот обложувач во Sport Life од Штип.

 

- Оглас -

Најнови вести