Јасухира и официјално следната сезона ќе го носи дресот на Вардар

По една седмица тренирање со екипата, Јапонецот Косуке Јасухира (23) денеска го потпиша едногодишниот договор со „црвено-црните“. Завршени се сите технички и административни формалности и средниот бек Јасухира следната сезона ќе игра во дресот на Вардар.

Јасухира доаѓа како позајмен играч од Висла Плоцк, каде што не ја доби посакуваната минутажа, а по завршување на сезоната, Вардар ќе има можност да го откупи неговиот договор.

Јасухира има настапувано и за францускиот Ник, а потекнува од Нипон Универзитет.

- Оглас -

Најнови вести