Ламин Јамал ги пропушти последните неколку натпревари од сезоната во шпанското првенство и тоа беше поради повреда на тетивата на коленото. Тоа се случи на мечот против Селта Виго, кога Јамал даде гол од пенал, но веднаш по постигнување на погодокот, ѕвездата на Барселона наместо да слави, падна на тревата жалејќи се на повреда. Веднаш беше заменет, а потоа до крајот на сезоната не се врати на теренот.
Според последните извештаи Јамал нема да биде подготовен за првиот меч на Шпанија на Светското првенство, а тоа е против Зеленортските Острови на 15 јуни. Непосредно пред стартот на Мундијалот, Јамал зборуваше отворено за моментот кога се повреди.
„Се сеќавам на моментот кога се случи повредата. Во себе се молев да не е ништо сериозно, да е само некој грч. Светското првенство е многу блиску, а знаев дека ако се работи за повреда на тетива, тоа воошпшто нема да биде едноставно, иако досега не сум имал таков проблем. Се плашев да не е сериозно и да не треба да го пропуштам Светското првенство“, открива Јамал.
Тинејџерот додава дека е пресреќен што ќе може да биде дел од планетарниот собир. „Во мозокот чувствувам како да не сум одиграл ниту еден меч цела сезона. Едвај чекам да дебитирам на СП. Во главата чувствувам како да играм фудбал веќе 10 години, а реално поминаа само три сезони. Само пред три години сонував да бидам дел од Светското првенство. Илјадапати сум седел во мојата соба и сум замислувал како го освојувам златото на Светско првенство. Тоа е најголемата работа во фудбалот“, вели Јамал.
Шпанија на Мундијалот во САД, Канада и Мексико заминува како актуелен европски првак, а Јамал додава дека остварување на животна желба би му била освојување на Мундијалот. Јамал има 18 години, а на 13 јули ќе наполни 19 години. Финалето на СП 2026 е на 19 јули.
Шпанија во групната фаза ќе игра против Зеленортските Острови, Саудиска Арабија и против Уругвај.

