„Јирген Клоп“ е хит – Испи некое пиво и грмеше со англиските навивачи пред „Вембли“ (Видео)

Јирген Клоп е хит на социјалните мрежи со имитаторот кој одлично го „копираше“ неговиот имиџ и непосредно пред дербито на „Вембли“ во Лондон меѓу Англија и Германија, со пиво в рака навиваше заедно со англиските навивачи.

Со познатите пивопијци од Англија ја пееше познатата „Фудбалот доаѓа дома“, што е симбол на Англичаните и надеж дека конечно ќе освојат титула на големо натпреварување, по единствениот пехар што го имаат од Мундијалот во 1966 година.

https://twitter.com/ESPNFC/status/1409894176054038528?s=20

Англија нема европска круна, Клоп кој е Германец, има симпатии кон двете земји, па веројатно ќе се радува кој било да победи. Германците  им предизвикаа многу болка на Англичаните со две победи во полуфиналињата во 1990 на Светското првенство и на ЕП во 1996 година, и двете на пенали.

По првото полувреме на „Вембли“, резултатот е 0:0 во претпоследното осминафинале на ЕП.

- Оглас -

Најнови вести