Помалку од еден час остана до почетокот на дуелот меѓу Македонија и Холандија на „Јохан Кројф арената“. Македонија нема шанси за пласман во нокаут-фазата, но овој меч е историски. Тоа е дуелот на кој за последен пат ќе игра Горан Пандев.
Капитенот на македонската репрезентација заминува во репрезентативна пензија, и тоа на триумфален начин, со настап на Европско првенство. Арената делува спектакуларно, а тука се и македонските знамиња.