Јокиќ е чудо – Ладен како шприцер ја чекаше последната секунда за луда асистенција и победа на Денвер (Видео)

Никола Јокиќ одигра уште една брилијантна партија во НБА-лигата, а со асистенција во последната секунда до Монта Морис беше главниот режисер на победата на Денвер нагетс против Голден стејт.

Фантастичниот центар на Денвер чекаше до последен момент и при резултат 116:114 за домаќините, му асистираше на извонреден начин на Морис за победничка тројка и триумф од 117:116 против Голден стејт вориорс.

https://twitter.com/NBA/status/1494210768773988352?s=20&t=MwaFemfckM4HzWrYIW9O1w

Јокиќ доминираше на паркетот во „Чејс центарот“ во Сан Франциско и постигна 35 поени со 17 скока и 8 асистенции.

 

 

- Оглас -

Најнови вести