Чикаго е среќен со новиот Џордан, на легендарниот Поп му фалат уште три победи за вечност (Видео+Фото)

Демар Дерозен пишува НБА-историја со брилијантни настапи, а во Чикаго се среќни што го имаат новиот Мајкл Џордан.

Олраунд-кошаркарот на Биковите на седми меч по ред постигна минумум 35 поени со прецизност на шут од најмалку 50 отсто и е прв таков играч во историјата на НБА-лигата.

Дерозен погоди 16 удари од 27 обиди, постигна 38 поени и беше лидер во историски настап за петта победа по ред на Чикаго булс, ноќеска против Сакраменто со 125:118.

Блиску до историски подвиг е и легендарниот Грег Попович, кој треба само уште трипати да го предводи Сан Антониот до победа за прво место на вечната листа на тренери со најмногу триумфи.

Спарс ја победија Оклахома сити тандер со 114:106, што е 1.333-та победа на популарниот Поп, а за прво место му требаат уште три успеси за да го престигне Дон Нелсон, кој има 1.335 триумфи.

Во ноќ со необични постигнувања на истиот меч се истакна и Џош Гиди од Оклахома, со учинок од 17 поени и по 10 скока и асистенции, третпат по ред забележа трипл-дабл, што досега во 75-годишната историја на Лигата му успеало само на Оскар Робертсон во дебитантска сезона.

Во ноќ за подвизи и рекорди се истакна и Џа Морант со 44 поени во поразот на Мемфис од Портланд со 119:123.

Морант постигна 27 поени во првата четвртина, што е единствен подвиг во клупската историја на Гризлис во последните 25 години.

Бруклин нетс ноќеска приреди страшен подвиг со победа во локалното дерби против Њујорк никс од 111:106, иако Мрежичките губеа дури со 28 поени разлика.

Стандардно брилијантен беше и Никола Јокиќ со 35 поени и 17 скока во победата на Денвер нагетс против Голден стејт вориорс од 117:116.

На извонредниот олстар-центар му фалеа две асистенции за нов трипл-дабл.

Резултати: Орландо – Атланта 109:130, Бостон- Детроит 111:112, Индијана – Вашингтон 113:108, Њујорк – Бруклин 106:111, Чикаго – Сакраменто 125:118, Мемфис – Портланд 119:123, Минесота – Торонто 91:103, Оклахома – Сан Антонио 106:114, Феникс – Хјустон 124:121, Годлен стејт – Денвер 116:117, ЛА лејкерс – Јута 106:101.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести