Јокиќ е незадржлив па Денвер води 1:0 против Портланд

Никола Јокиќ не запира да изненадува со игрите во плејофот на НБА. Откако беше клучен играч во решавачкиот седми меч во елиминацијата на Сан Антонио, Србинот сега блесна и во првата средба од полуфиналето на Западот против Портланд. Денвер победи со 121:113, а Јокиќ мечот го заврши со феноменални бројки. Имаше 37 поени, 9 скока, 6 асистенции и 3 украдени топки за 41 минута помината на теренот. Неговиот шут беше одличен, па погоди 11/18 од поле, 3/5 за тројка и перфектни 12/12 од линијата за слободни фрлања.

За разлика од Денвер, кој мораше да игра седум меча во првото коло, Портланд имаше повеќе денови за одмор, но сепак тоа не значеше дека ќе изненадат. Дамиан Лилард со 39 поени беше најефикасен кај поразениот тим.

https://youtu.be/-BkrWb9CL2I

Во вториот меч кој се играше утрово во плејофот на НБА, Филаделфија израмни на 1:1 во победи против Торонто, откако славеше со 94:89. Гостите успеаја да направат брејк благодарение на одличниот Џими Бутлер со 30 поени, 11 скока и пет асистенции. Кај домаќините најефикасен беше Кавај Ленард со 35 поени.

- Оглас -

Најнови вести