Јокиќ го доби балканскиот дуел против Дончиќ, на Лејкерси не им лежи Истокот

Денвер нагетс ја продолжи серијата на четири победи откако ноќеска беа подобри од Далас со 126:118. Никола Јокиќ го доби балканскиот дуел против Лука Дончиќ, а српскиот кошаркар го предводеше својот тим со дабл-дабл од 32 поени и 16 скока, а имаше голема помош од Џамал Мари, кој додаде 22 поени и 15 асистенции.

И Дончиќ успеа да оствари двоен учинок, но ниту 23 поени и 12 асистенции не беа доволни за Маверикс да го избегне 14-от пораз. Најефикасен во гостинскиот состав беше Харисoн Барнс со 30 поени.

 

ЛА лејкерс го претрпе вториот пораз во низа на гостувањата на Истокот, а Бруклин нетс ја запиша шестата последователна победа со конечни 115:110. Поранешниот „езерџија“ Дианџело Расел блескаше против тимот кој го драфтуваше во НБА-лигата, со двоен учинок од 23 поени и 13 асистенции.

Ниту расположениот Леброн Џејмс не можеше да го спречи налетот на Нетси, иако мечот го заврши со високи 36 поени и 13 скока, а Лонзо Бол додаде 23 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=HZGXkYyTnfY

 

Лери Ненс јуниор со одбојкарски потег донесе триумф за Кливленд кавалирс на гостувањето кај Индијана со конечни 92:91. Крилниоц центар на „коњаницата“ беше побрз од звукот на сирената постигнувајќи ги можеби најважните поени во неговата кариера. Ненс го заврши мечот со 15 поени и 16 скока, додека најефикасен кај гостите беше Родни Худ со 17 поени.

Сабонис се истакна како најефикасен кај поразените, со 17 поени.

Атланта хокс дојде само до седмата победа сезонава, откако ноќеска беше подобра од тимот на Вашингтон визардс со 118:110. Џон Колинс и Треј Јанг ја предводеа домашната екипа со 20, односно 19 поени, додека Бредли Бил беше најрасположениот кошаркар од редовите на Вашингтон со 29 поени и 10 скока.

- Оглас -

Најнови вести