Јокиќ и Денвер имаа -22, па се изборија за продолженија, но Дурант му пресуди на НБА-шампионот (Видео)

Серијата од шест победи по ред за актуелниот НБА-шампион, Денвер нагетс, неочекувано заврши синоќа со домашен пораз од Феникс. Сонцата беа подобри со 107-117 дури по едно продолжение.

Мечот започна израмнето, а позначајна предност гостите направија во втората четвртина. Во третиот период Феникс ја имаше највисоката предност од +22 поени, односно 55-77, но во продолжение од мечот Денвер покажа зошто е шампион во НБА-лигата. Во финишот гостите влегоа со предност од 90-99, но со серија од 12-0, Денвер дојде на чекор од победата. Сепак, Феникс успеа да израмни и да го одведе мечот во продолжение, а таму лесно дојде до победата со двоцифрена предност.

Кевин Дурант со 35 поени беше предводник на Феникс во големата победа над Денвер, додека Никола Јокиќ мечот го заврши со дабл-дабл ефект од 25 поени и 16 скока.

Резултати:

Шарлот – Орландо 89-101
Бруклин – Филаделфија 112-107
Кливленд – Бостон 105-104
Мајами – Детроит 118-110
Њујорк – Атланта 100-116
Торонто – Њу Орлеанс 98-139
Хјустон – Сан Антонио 114-101
Далас – Индијана 120-137
Денвер – Феникс 107-117 (102-102)

- Оглас -

Најнови вести