Јокиќ изненади со изборот на музика на загревањето во Торонто (Видео)

Српскиот центар Никола Јокиќ има нова песна со која се мотивира пред натпреварите во НБА лигата. Најкорисниот играч во НБА за минатата сезона, овојпат го смени жанрот на музика, и сега ја слуша песната „Долази синдикат“ (Доаѓа синдикатот) од српската рап група „Београдски синдикат“.

Досега Јокиќ кој е роден во Сомбор, обично си пушташе балади од Ѓорѓе Балашевиќ или локал патриотски песни како „У том Сомбору“.

Сега Јокиќ „удри“ на нешто поагресивен стил на музика, а дел од текстот од песната со кој се мотивира пред дуелите со противниците е: „Знам дека мислиш дека сме готови, дека нè нема. Сепак, доаѓа синдикатот, посилен од било кога“.

- Оглас -

Најнови вести