Јокиќ направи чудо со кое може да се пофалат само Џабар и Чемберлен, но Денвер е пред елиминација

Феникс санс победи со 116:102 на гостувањето кај Денвер нагетс и сега е на чекор од пласман во финалето на западната конференција во НБА лигата. Сонцата водат со 3:0, што значи дека им е потребен само уште еден триумф за да го елиминираат и овој противник.

Уште од стартот, гостите покажаа дека се подобри и дека се дојдени да победат. Поведоа со 16:6, а предноста од 10 поени ја задржаа и по првата четвртина беше 37:27. Во продолжение на мечот, Денвер џабе се обидуваше да го достигне водството на противникот, кое во последната четвртина ниту еднаш не беше помало од 13 поени предност за Феникс.

И покрај поразот на неговиот тим, Никола Јокиќ беше најдобар на теренот. Србинот кој неодамна беше прогласен за МВП на сезоната, имаше неверојатен меч и заврши со 32 поени, 20 скока и 10 асистенции. Јокиќ е само трет кошаркар во историјата на плејофот на НБА лигата што завршува со ваков учинок од 30+ поени, 20+ скока и 10+ асистенции. Пред него тоа им успеало само на легендарнит Карим Абдул Џабар и Вилт Чемберлен.

Во вториот меч одигран утрово, Филаделфија со 127:111 славеше на гости кај Атланта и поведе со 2:1 во серијата.

 

- Оглас -

Најнови вести