Јокиќ не можеше сам: Магичен пресврт на Орландо за драматична победа над Денвер (Видео)

Актуелниот НБА шампион, екипата на Денвер доживеа неочекуван пораз пред својата публика од Орландо со 120-122 во драматичен меч на кој имаа предност и од +18 на почетокот на третата четвртина.

Никола Јокиќ постигна 29 поени, но тоа не беше доволно за Денвер да ја задржи високата предност која изнесуваше 78-60 на стартот од третиот период. Токму во истата четвртина домашните и ја загубија оваа позитива и во пресрет на последниот период влегоа со предност од само три поени, 98-95.

Орландо веднаш на стартот од четвртата четвртина дојде во водство, а Денвер во самиот финиш повторно се врати во водство, овојпат од 120-118. Сепак, драмата на крајот им припадна на кошаркарите на Орландо, кои со четири поени во серија дојдоа до пресврт и победа од 120-122.

Резултати:

Бостон – Јута 126-97
Индијана – Атланта 150-116
Бруклин – Оклахома 124-115
Кливленд – Вашингтон 114-90
Филаделфија – Њујорк 92-128
Чикаго – Шарлот 104-91
Хјустон – Минесота 95-122
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 95-111
Далас – Портланд 139-103
Денвер – Орландо 120-122
Феникс – Мајами 113-97
Голден стејт – Детроит 113-109
ЛА Лејкерс – Мемфис 113-127
Сакраменто – Торонто 135-130

- Оглас -

Најнови вести