Јокиќ повторно блескаше, даде повеќе поени од минути поминати на паркетот (Видео)

Никола Јокиќ не поппушта во темпото со одлични настапи во НБА лигата. Српскиот центар беше убедливо најдобар на теренот за победа на Денвер на гости кај Сан Антонио од 127:112.

Јокиќ мечот го заврши со 35 поени, 17 скокови, а му недостасуваа само уште две асистенции за да има трипл-дабл. По речиси израмнетата прва четвртина кога домаќините имаа еден поен предност (29:28), Денвер беше убедлив во втората и третата четвртина.

Овие две четвртини, гостите ги добија убедливо со 44:27 и 31:18, па во пресрет на последниот квартал Денвер имаше убедлива предност од 103:74. Јокиќ постигна 35 поени за помалку од 35 минути поминати на паркетот, бидејќи во последната четвртина и немаше потреба најдобриот играч на гостите да игра.

Во останатите мечеви кои се играа ноќеска, постигнат исе следниве резултати: Вашингтон – Јута 98:123, Кливленд – Сакраменто 117:103, Мемфис – Хјустон 113:106, Мајами – Чикаго 118:92, Филаделфија – Голден Стејт 102:93.

- Оглас -

Најнови вести