Јокиќ со нов рекорд го однесе Денвер до 2:2 против Портланд (Видео)

Никола Јокиќ одигра уште еден одличен меч, а овојпат тоа му донесе победа на Денвер на гостувањето кај Портланд од 116:112. Со овој триумф, Денвер израмни на 2:2 во полуфиналната серија од плејофот на Западот.

Само 48 часа откако Јокиќ одигра меч за памтење во кој имаше трипл-дабл и неверојатни 65 минути поминати на терен (имаше четири продолженија), Србинот утрово повторно со трипл-дабл беше најзаслужен за победата на Денвер на гости. За неполни 40 минути на теренот, Јокиќ заврши со 21 поен, 12 скока и 11 асистенции.

Ако на претходниот меч стана првиот играч на Денвер кој имал три трипл-дабл мечеви во плејофот, сега тој рекорд е зголемен на четири. Освен Јокиќ, одличен во победничкиот тим беше и Џемал Мари со 34 поени.

Кај Портланд најефикасни беа Си Џеј Мекалум со 29 поени и Дамијан Лилард, кој постигна еден поен помалку. И овој меч беше неизвесен до самиот крај, а малку недостасуваше повторно да има продолженија, што само потврдува дека апсолутно не се знае кој тим е фаворит за пласман во конференциското финале.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести