Јокиќ со трипл-дабл му донесе победа на Денвер против шампионот Голден стејт

Денвер нагетс како гостин го совлада Голден Стејт вориорс со 128-123, во првиот дуел на овие екипи откако пролетоска Воините ги елиминираа Грутките со 4-1 во плејофот, за патот кон титулата во НБА.

Денвер беше решен да ја извојува првата победа сезонава, даде 40 поени во првата четвртина, па на Вориорс џабе им беше што второто полувреме го доби со 13 поени разлика.

Најзаслужен за триумфот во Сан Франциско беше Никола Јокиќ, кој имаше трипл-дабл од 26 поени, 12 скока и 10 асистенции. Кај поразените се истакна Стеф Кари со 34 поени. Кари ја игра својата 14-та сезона во дресот на Голден стејт и тоа е нов клупски рекорд.

Интересна завршница имаше во Портланд, каде домашните славеа против Феникс санс со 113-111, и тоа по продолжение од пет минути. Демиен Лилард уфрли 41 поен, а победничкиот кош го даде Енферни Симонс кој средбата ја заврши со 16 поени. Добар беше и Јусуф Нуркиќ со 20 поени и 17 скока. На Сонцата не им помогнаа 33-те поени на Девин Букер.

Џа Морант експлодираше со дури 49 поени и беше предводник на Мемфис во победата над Хјустон, а Руди Гобер во дресот на Минесота загуби од својот екс клуб Јута по продолжение. И не само тоа, туку Французинот беше и посрамотен со едно супер забивање преку него. Атракцијата ја изведе Лауро Марканен.

https://twitter.com/i/status/1583617782062596098

 

- Оглас -

Најнови вести