Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, од вечерва и официјално има нов селектор, Јошко Миленкоски.
Тоа што беше најавено претходните денови, денеска и официјално беше потврдено, по 15 години, Миленкоски, повторно е селектор на одбојкарите.
Миленкоски првиот официјален меч како старо-нов селектор, ќе го има во Европската лига, а ќе ја предводи и репрезентацијата на Европското првенство кое ќе се игра од 28. август до 16. септември, а домаќин на една од групите е токму Македонија.