20.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Јован Стојоски трчаше една секунда послабо од својот личен рекорд

Единствениот македонски учесник на Светското првенство во атлетика Јован Стојоски трката на 400 метри ја истрча за 47,92 секунди, што е точно за една секунда послабо време од неговиот личен рекорд кој го постави годинава.

Стојоски, кој живее и тренира во Белград, трчаше во третата група од квалификациите, во која се појави и американскиот државен шампион Фред Керли. Стојоски беше последен во таа група, што и не е изненадување бидејќи годинава само еден атлетичар од тоа друштво имаше пријавено послабо време.

Стојоски годинава беше шести на Европското првенство за атлетичари до 23 години, а годинава го постави и својот личен рекорд од 46,92 секунди, но очекувано, на првенството во Доха не успеа да се најде меѓу полуфиналистите. И со времето на неговиот рекорд, тој немаше да биде меѓу најдобрите кои се пласираа во следната фаза.

Вечерва на СП најинтересни ќе бидат финалните трки на 200 и 800 метри за мажи, а кај жените финална дисциплина е фрлање копје.

- Оглас -

Најнови вести