Југ и Неготино со наши репрезентативци и опасни странци, ќе се борат за титулата

Екипите на скопски Југ, и Неготино, се главни кандидати за освојување на шампионскиот трофеј во македонскиот клупски тенис. Кој ќе биде шампион, ќе се знае утре после нивниот меѓусебен дуел во кој ќе има интересни двобои, четири во сингл и еден дубл. Дербито ќе почне во 10 часот, се игра на терените на „ТК Југ’ во скопскиот градски парк.

Се игра во три добиени, а двата тима во своите редови имаат македонски Дејвис куп репрезентативци и странски засилувања.

Главните адути на Југ се Мирза Башиќ (319-ти на АТП листата) кој преклани во Софија го надигра Станислас Вавринка, Нерман Фатиќ (378-ми), Турчинот Кирџи Корај, и Македонците Томислав Јотовски, Шендрит Деари и Бесир Дургути.

За Неготино играат Србинот Миљан Зекиќ (501 место на АТП) кој пред три години го има победено Стефанос Циципас, и нашите репрезентативци Горазд Србљак, Стефан Мицов, како и неколку помлади играчи предводени од Обрад Марковски.

- Оглас -

Најнови вести