Јунајтед го има најслабиот старт во Премиер лигата од далечната 1986 година, Тен Хаг ги казни играчите!

Манчестер јунајтед го има најслабиот старт во една сезона во Премиер лигата од далечната 1986 година, кога отказ заработи тогашниот тренер Рон Аткинсон. Во моментов нема најава дека Ерик тен Хаг ќе ја доживее истата судбина, но ефектот од пет победи и пет порази по 10 одиграни првенствени кола го стави Манчестер јунајтед на осмата позиција на табелата дури со 11 поени помалку од лидерот Тотенхем.

Црвените ѓаволи на последниот натпревар беа поразени на домашен терен од лутиот градски ривал Манчестер сити со убедливи 0-3. По натпреварот Тен Хаг ги натерал фудбалерите во тишина да го слушаат славењето на навивачите на Граѓаните, а дури потоа следувал разговорот на висок тон со неговите фудбалери.

Сите играчи, освен голманот Онана, добиле видеоматеријал со грешките кои ги направиле на мечот и за домашна задача имаат да ги гледаат снимките и да ги воочат своите грешки, кои потоа ќе треба да ги исправат на теренот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести