Јунајтед ја активираше клаузулата за Марсијал

Ентони Марсијал ќе остане во Манчестер јунајтед најмалку до 2020 година откако клубот денес ја активираше неговата клаузула. Според потпишаниот договор, кој првично му истекуваше во јуни 2019 година, Јунајтед имаше можност да ја продолжи соработката со Французинот на уште една година, па денес раководството одлучи да го стори тоа.

Тоа го направија и со Давид де Хеа пред еден месец. Претставниците на Марсијал сега се обидуваат да изнудат нов договор за нивниот клиент и да ја осигурат неговата иднина на „Олд Трафорд“ и по 2020 година.

Дваесет и тригодишниот крилен офанзивец сезонава е еден од подобрите играчи во тимот, иако претходно се шпекулираше дека ќе го напушти Јунајтед поради влошените односи со Жозе Мурињо. Но, очигледно е дека такви несогласувања не постојат, а Марсијал ја користи секоја шанса да докаже дека заслужува да биде во стартните 11.

- Оглас -

Најнови вести