Јунајтед ја одби понудата на Бетис, иднината на Антони останува неизвесна

Бразилскиот интернационалец Антони беше платен 85 милиони евра, но за две и пол години на „Олд Трафорд“ не одигра речиси ништо. Како прекуброен зимоска се пресели на позајмица во Бетис, а таму буквално експлодира со четири гола и исто толку асистенции на 15 натпревари.

Во Бетис се импресионирани од неговите настапи и веќе испратиле понуда до Манчестер јунајтед за продолжување на позајмицата, но раководството на Црвените ѓаволи веднаш ја отфрлиле оваа опција. Единствената шанса за Антони да остане во клубот од Севиља е да биде купен за 30 милиони евра, но тоа може да се случи само доколку екипата се пласира во Лигата на шампионите.

Во спротивно тој ќе мора да се врати на „Олд Трафорд“, а Манчестер јунајтед ќе се обиде да го продаде на друга екипа.

- Оглас -

Најнови вести