Јунајтед центар се обедини – Грмнаа 20 илјади грла да го поздрават Дерик Роуз (Видео)

Дерик Роуз доби овации од над 20 илјади луѓе во Јунајтед центар во Чикаго, а беше поздравен громогласно во моментот кога влезе во игра како резерва за својот нов тим Детроит пистонс.

Човекот што е роден во Чикаго и играше за Булс од 2008 до 2016 година, беше поздравен со скандирање „МВП, МВП…“ од симпатизерите на Булс, иако ривалитетот со Детроит им е огромен.

Роуз има 31 година, цели 8 мина како кошаркар на Чикаго булс и е најмладиот во историјата на НБА лигата што го добил признанието за најкорисен кошаркар во најсилната лига на светот.

Во мај 2011 година на возраст од 22,5 години беше прогласен за МВП на регуларниот дел на сезоната, со што го надмина рекордот на Вес Анселд. Дерик е единствениот играч на Чикаго покрај Мајкл Џордан што го има тоа признание.

Има уште доста награди, а вчера и покрај одличната игра пред својата публика, во градот во кој е роден, не успеа да му помогне на Детроит да победи. Роуз постигна 23 поени и имаше 7 асистенции, а Чикаго се радуваше на триумф од 112:106.

- Оглас -

Најнови вести