Јуниорите снемаа сили, па загубија и од јужниот сосед

Машката кошаркарска селекција на Македонија до 18 години го загуби и дуелот против Грција со конечни 77:61 во битката за едно од местата за деветтото до 16-тото место на јуниорскиот Евробаскет.

Пулените на Симиќ добро се држеа три периоди, но загубија сили во клучните 10 минути, кога Грците изрежираа серија од 12-0 и ги решија дилемите. Македонија на паузата замина со пола кош предност при резултат 39:38, по што темпото на нашите кошаркари значително опадна во вториот дел од средбата, па поразот беше неизбежен.

Ова е петти загубен меч за Македонија на јуниорскиот Евробаскет. Три порази во групната фаза, елиминација од Шпанија во нокаут-рундата и попладнево од Грција.

- Оглас -

Најнови вести