Јусуф Нуркиќ го скрши зглобот (Видео)

Јусуф Нуркиќ нема среќа со повредите во НБА-лигата. Високиот играч на Портланд се повреди на дуелот против Индијана и сигурно ќе го нема подолго време од теренот.

Во една акција на противникот, Нуркиќ сакајќи да одигра добро во дефанзивата, падна и веднаш се фати за зглоб на раката. Кошаркарот веднаш замина кон соблекувалната, а набрзо потоа беше објавено дека се работи за скршеница на зглобот.

Во досегашниот дел од сезоната, Нуркиќ имаше просек од 10,3 поени и 7,6 скока по меч.

Индијана убедливо го доби дуелот против Портланд со 111:87, а во останатите мечеви кои се играа рано утрово: Филаделфија – Мајами 125:108, Сан Антонио – Хјустон 105:109, Торонто – Шарлот 111:108, Денвер – Голден стејт 114:104.

 

- Оглас -

Најнови вести