Јусуфа Мукоко ги надмина сите кои пред него играле во историјата на Бундеслигата!

Јусуфа Мукоко од Борусија Дортмунд, со двата гола кои ги постигна денеска за победа на Борусија од 3-0 против Бохум, влезе во историјата на Бундеслигата, како најмлад фудбалер кој постигнал 10 голови во германскиот шампионат.

Мукоко има 17 години и 350 дена, а тој стана и третиот најмлад поединец после Тимо Вернер и Каи Хаверц, што дал два гола на меч од Бундеслигата.

Во одлична форма е и Ерик Максим Чупо Мотинг кој сезонава на 14 меча за Баерн Минхен, има 10 гола и три асистенции. Чупо Мотинг даде два гола во победата на Баварците од 3-2 на гостувањето кај Херта, а сите пет гола паднаа во првото полувреме.

На сите мечеви кои почнаа од 15.30 часот, паѓаа барем три голови.

- Оглас -

Најнови вести