Јута победи, но Букер го украде шоуто (видео)

Јута џез на домашен терен славеше против тимот на Феникс санс со 125:92, но главна ѕвезда на шоуто беше бекот на „сонцињата“, Девон Букер. Ѕвездата на „сонцињата“ одигра неверојатна партија постигнувајќи 59 поени, повеќе од целиот тим на Игор Кокошков.

Сепак, брилијантното издание на Букер не беше доволно да се совладаат „џезерите“, па Феникс мораше да се помири со 58-миот овосезонски пораз.

Руди Гобер ја предводеше Јута со дабл-дабл од 27 поени и 10 скока, по 18 поени додадоа Фејворс и Рубио. Букер беше единствениот играч на Феникс со двоцифрен број поени.

https://www.youtube.com/watch?v=YCPoYrWeM-Q

Мемфис пред своја публика ја совлада Оклахома со 115:103, Орладно беше убедлив против Филаделфија со 119:98, додека Портланд во продолжение издвои победа против Бруклин со 148:144.

- Оглас -

Најнови вести