Јутјубер во дрес на Јувентус се појави меѓу навивачите на Наполи среде прослава на титулата (Видео)

Еден бразилски турист кој деновиве е во Неапол изјави дека атмосферата при прославата на титулата на Наполи била полуда од карневалот во Рио де Жанеиро, а во таков жежок амбиент еден Јутјубер од Италија реши да направи социјален експеримент и на плоштад во Неапол се појави во дрес на Јувентус, клубот кој Наполитанците најмногу го мразат.

Јутјуберот PirlasV облечен во дрес на Јуве ги провоцираше фановите на Наполи меѓу другото дека имаат малку титули, а и тие не му останаа должни, му викаа „Серија Б“ и пееја навредливи песни.

Како изгледаше прошетката на Јутјуберот во дрес на Јуве меѓу фановите на Наполи погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести