Јуве – Лион дефинитивно во Торино

Нема ништо од одигрување на натпреварот Јувентус – Лион на неутрален терен, како што бараа Французите. Претседателот на Лион, Жан Мишел Ола, потврди дека на 17 март Лион ќе гостува во Торино и дека средбата ќе се игра без публика.

Имаше опции да се игра на Малта, но и таму ќе беше без публика и таму не добија дозвола, па сепак Лион ќе мора да патува до ризичниот Торино.

„Јувентус во неделата играше без публика против Интер, па и ние ќе играме таму. УЕФА ги почитува одлуките и законите на секоја земја, иако забраната за спорт во Италија не се однесува на меѓународни натпревари“, рече првиот човек на Лион, кој е задоволен што противникот нема да има поддршка од публиката.

- Оглас -

Најнови вести