Јуве мора да победи за да го притиска Интер во трка за титулата

1801 Б. Менхенгладбах – Вердер (20.30 часот)

Кога игра Борусија Менхенгладбах, тоа речиси сигурно значи ќе биде ефикасен меч. Овој тим има просек од два или повеќе и дадени и примени голови. Вердер има два бода помалку од Борусија, а секој бод му е важен за да не биде загрозен од испаѓање. Во минатата сезона, нивниот меѓусебен дуел во Менхенгладбах заврши 2-2. Вердер сезонава нема ниту една победа на гостински терен.

Предлог тип: 1 & 2-5 (2.50)

 

3001 Џенова – Јувентус (20.45 часот)

Јувентус има примено само 9 гола во 15 меча, а Џенова постигна 15, што е скромно и просек од еден по натпревар. Старата дама се бори за титула и на вакви гостувања мора да победува ако сака да ја добие трката со Интер. Јуве загуби на последното гостување кај Грифоните, а последните три нивни дуела во Џенова беа со ГГ и 3+. Повеќе од десет години не се случило средба на Џенова и Јуве на „Луиџи Ферарис“ да заврши нерешено.

Предлог тип: 2 & 1+ второ (2.35)

 

1001 Нотингам форест – Тотенхем (21.00 часот)

Тотенхем има повеќе од двојно освоени бода и речиси двојно повеќе постигнати голови од тимот на којшто му гостува вечерва, па затоа лондонските Петли се фаворити и одат по десеттата победа сезонава. Форест во минатото коло ја прекина низата од четири порази по ред, а за Тотенхем заврши серија од четири меча без победа. Тотенхем ги доби последните две премиерлигашки гостувања во Нотингам, и тоа без примен гол.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.85)

 

1701 Монако – Лион (21.00 часот)

Ова во минатото беше дерби, сега е дуел на тимови со различни амбиции. Кнезовите имаат две победи по ред и само шест бода помалку од лидерот ПСЖ, па уште се во трка за титулата, а Лион е огромно разочарување и последен е на табелата само со две победи сезонава, но двете победи се во последните пет кола, победија и минатото коло, па бараат дефинитивен излез од кризата. Кај домашните ќе ги нема Емболо, Головин и Вандерсон, коишто им се важни играчи.

Предлог тип: 13 I & 1-3 II (1.81)

 

1301 Осасуна – Рајо Ваљекано (21.00 часот)

Двата тима заборавија како е да се победи откако последен пат славеа истиот викенд. Последната радост на Осасуна беше речиси пред два месеца, а и Рајо последен пат освои три бода на 22 октомври. Рајо заедно со Мајорка и Бетис се тимови со најмногу нерешени резултати сезонава. Рајо 20 години нема победено во Памплона, па за Димитриевски и колегите ова е сериозен предизвик.

Предлог тип: & 1-3 (1.93)

- Оглас -

Најнови вести