18.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Јуве очекува Роналдо да добие минимална суспензија

На една недела од денот кога треба да се донесе пресудата околу тоа колку меча забрана за настап во Лигата на шампиони ќе добие Кристијано Роналдо, италијанските медиуми тврдат дека казната ќе биде само еден меч, иако Португалецот доби директен црвен картон.

Во Јувентус сметаат дека реално е Роналдо да не може да игра само на наредниот дуел, со Јанг бојс дома, а ако нема непријатно изненадување, првата ѕвезда на тимот ќе може да настапи на гостувањето кај Манчестер јунајтед во третото коло.

Клубот од Торино се повикува на членот 50 од правилата на ЛШ, кој пропишува задолжителна суспензија од еден меч за добиен црвен картон, а суспензијата може да ја зголеми Дисциплинската комисја на УЕФА. Но, за потегот на Роналдо (наводно кубење на противнички играч), веројатно нема да следува дополнителна казна, па Португалецот ќе може да гостува на „Олд Трафорд“ на 23-ти октомври.

- Оглас -

Најнови вести